Ви донесуваме рецепт за десерт кој ќе ви ги заслади зимските денови.
Состојки:
- 3 јајца
- 70 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 80 гр путер
- 90 гр мед
- прстофат каранфилче и мускатно оревче
- 1 лажица цимет
- 1 лажица зачин за медењаци
- 1 лажица кора од портокал
- 100 мл млеко
- 260 гр глатко брашно
- 1 прашок за печиво
- џем од кајсии или сливи за полнење
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер, па додајте растопен путер, мед и млеко. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки, а потоа соединете со смесата од јајца и матете додека не добиете глатка смеса. Наполнете калапи за мафини до половина. Додајте по лажица џем и прекријте со уште малку смеса.
- Печете околу 15 минути во загреана рерна на 180 степени.
Уживајте!