Необична лесна торта…
Состојки:
- 500 мл слатка павлака
- 200 гр неутрално сирење
- 1 павлака
- 150 гр бисквити
- 3 банани
- 2 кесички ванилин шеќер
- 100 гр шеќер во прав
- 200 гр чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
- Измиксајте сирење, павлака, ванилин шеќер и шеќер во прав. Потоа измиксајте слатка павлака и ванилин шеќер. Соединете ги смесите. Префрлете во куглоф, па наредете банани, бисквити и растопено чоколадо. Повторете го процесот. Тортата ставете ја да се лади 2-3 часа.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“: