Без квасец и млеко: Рецепт за брзи тенки лепињи со крем сирење

Без квасец и млеко: Рецепт за брзи тенки лепињи со крем сирење

За 20 минути испечете лепињи кои можете да ги јадете со некој намаз или празни.

Состојки:

  • 200 гр изрендано моцарела сирење
  • 2 лажици крем сирење
  • 2 јајца
  • 50 гр бадемово брашно

Начин на подготовка:

  1. Измешајте моцарела и крем сирење. Ставете на слаб оган да се растопи, а потоа оставете да се излади. Во меѓувреме разматете јајца, додајте бадемово брашно, а потоа и растопено сирење. Добро соединете.

     

  2. Од смесата направете осум топчиња, секое притиснете го со дланка и ставете во плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени 15-17 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко