Брзо и лесно направете вкусна сусам салата.
Состојки:
- 500 гр ситно сирење
- 100 гр сусам
- 130 гр пченка, маринирана (од конзерва)
- 3-5 кисели краставички
- 100 гр шунка Пекабеско
- 1 лажица павлака Пекабела, може и повеќе
- 50 гр мајонез
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Прво пропржете сусам. Потоа измешајте сирење, исечкани краставички, шунка и пченка. Посолете и побиберете, додајте павлака и мајонез, па добро соединете.
- На крај додајте изладен сусам и добро измешајте.
Добар апетит!