Мини колачиња за секоја прилика.
Состојки:
- 200 гр мелени лешници
- 200 гр рендано чоколадо
- 2 кесички ванилин шеќер
- 2 белки
- 3 лажици екстракт од лешници
Состојки за прелив:
- 150 гр чоколадо
- 50 гр путер или маргарин
- 1 лажичка масло
Начин на подготовка:
- Мелените лешници, ренданото чоколадо, ванилата, белките и екстрактот од лешници измешајте ги и од добиената смеса правете бомбици. За прелив растопте ги сите наведени состојки на слаб оган, изладете и прелијте ги направените бомбици.
Уживајте!