Кох од ориз: Заборавен десерт од нашето детство

Кох од ориз: Заборавен десерт од нашето детство

Дали се сеќавате на колачите од детството? Тогаш сигурно знаете што е кох од ориз.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 200 гр ориз
  • 50 гр суво грозје
  • коцка путер
  • шеќер по желба
  • малку цимет
  • кора од лимон
  • 200 мл млеко
  • 100 мл вода

Начин на подготовка:

  • Оризот добро измијте го и згответе. На шолја ориз од 200 гр додајте 2 шолји млеко и шолја вода. Значи 3:1 течност вода и млеко.

     

  • Во зготвениот ориз додајте суво грозје, кора од лимон, шеќер по желба, малку цимет. Јајцата разматете ги, додајте малку шеќер, па полека додавајте во изладениот ориз, полека измешајте.

     

  • Намастете плех со путер и посипете со брашно. Ставете го оризот во плех и израмнете.

     

  • Печете на 200 степени околу 50 минути.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text