Вкусна чорба која ќе ве згрее во овие ладни денови…
Состојки:
- 3 компири
- 3 моркови
- 1 главица кромид
- 1/2 л слатко млеко
- малку домашен кајмак
Начин на подготовка:
- Издинстајте компири, кромид и морков, додајте малку вода и млеко и оставете да врие. После половина час додајте зачини, сол и бибер, а потоа и домашен кајмак. Оставете малку да крчка и потоа чорбата тргнете ја од рингла.
Добар апетит!