Направете вкусен банана куглоф со кокос.
Состојки:
- 150 гр. путер
- 150 гр. брашно
- 130 гр. шеќер
- 60 гр. кокос
- 50 гр. ореви
- 40 мл. млеко
- 3 јајца
- ½ прашок за пециво
- 1 банана
Подготовка:
- Се мати путерот со пола шеќер, па се ставаат жолчките. Се додава и останатиот шеќер постепено со мешање.
- Се матат одделно белките во снег.
- Се меша брашно со прашок за пециво, кокос и мелени ореви.
- Се додаваат во смесата со путер и се меша.
- Се пасира бананата па се додава во смесата, па и снегот од белки.
- Се меша и се става во калап за куглоф и се пече на 180 степени 50 минути.
Добар апетит 🙂
Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:
Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот
Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна