Неодолива торта со бисквити и јаболка.
Состојки:
- 1/2 кг бисквити
- 1 кг јаболка
- 1 л вода
- 250 гр шеќер
- 2 кесички пудинг од ванила
- 1 кесичка посен шлаг или малку чоколадна глазура по желба
Начин на подготовка:
- Згответе вода, шеќер и јаболка (исчистени и исечкани на коцки).
- Кога јаболката ќе бидат готови, во смесата додајте и 2 кесички пудинг од ванила.
- Во плех редете наизменично ред бисквити и ред јаболка со пудинг. Завршете со бисквити.
- Кога колачот ќе се излади прекријте го со шлаг или со чоколадна глазура.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега