Пиперки полнети со туна

Пиперки полнети со туна

Брзо и вкусно јадење…

Состојки:

  • црвени пиперки
  • 400 гр туна
  • 3 домати
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 4 компири
  • 100 мл бело вино
  • 2 лажици маслиново масло
  • 200 мл бистра супа од зеленчук
  • мајчина душица
  • сол
  • бибер
  • зачини

Начин на подготовка:

  1. Исцедете ја туната и иситнете ја. Доматите и компирите исечете ги на коцки, а кромидот и лукот што поситно.
  2. Загрејте малку масло во тава, па пропржете ги кромидот и лукот. Посолете, побиберете, налијте вино и супа, додајте домати, компири и мајчина душица, поклопете и гответе на средна температура 15 минути.
  3. Потоа додајте туна, измешајте и гответе уште десетина минути. Со добиената смеса наполнете ги пиперките. Наредете ги во огноотпорна чинија, прелијте со останатата супа и кратко запечете ги во рерна на 200 степни.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

 

singlepost_text