Стар рецепт за вкусна пача

Стар рецепт за вкусна пача

Еве како се подготвува вкусна пача.

Состојки:

  • 4-5 свински нозе
  • 1 сува свинска коленица или ребро
  • сол
  • бибер во зрно
  • ловоров лист
  • 1 главица лук
  • вода

Начин на подготовка:

  1. Свинските нозе добро исчистете ги и ставете ги во длабоок лонец. Додајте сол, бибер, ловоров лист.

     

  2. Оставете да се готват 10-15 минути, па отстранете ја пената. Затворете со капак и оставете на тивко да се готват 1-1,5 часа. Ако готвите во обичен лонец ставете два пати повеќе вода. Во водата каде се готват нозете ставете ги сите наведени состојки и гответе околу 3 часа на тивок оган.

     

  3. Кога ќе бидат зготвени, исцедете ја чорбата, а месото одвојте го од коски. Во чинии распоредете ситно сечкан лук и одвоено месо. Пачите посолете ги и прелијте ги со чорба. По желба од горе ставете пипер. Оставете преку ноќ да стегнат.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

singlepost_text