Доручек за десетка: Прелиена пита со шунка и сирење од готови кори

Доручек за десетка: Прелиена пита со шунка и сирење од готови кори

Доручек кој ќе го паметите!

Состојки:

  • 9 листови готови тенки кори
  • 250 гр сирење
  • 100 гр шунка
  • листови магдонос
  • 2 јајца
  • 2 лажици брашно
  • 200 мл млеко
  • 100 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 10 гр квасец или малку прашок за печиво
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Издробете сирење, додајте јајце, на коцки сечкана шунка, сечкан магдонос и се изедначете.

     

  2. Спојте јогурт и млеко, додајте брашно, малку сол, масло, надојден квасец и едно јајце и се разматете.

     

  3. На маса раширете кора па додајте 2 мали кутлачи прелив и со четка развлечете. Од горе ставете втора, па трета кора, со тоа што на дното на третата кора ќе премачкате фил сирење. Свиткајте ги рабовите и замотајте.

     

  4. Плехот намачкајте го со масло и ролните наредете и премачкајте ги со масло. Печете на 200 степени 50-60 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

singlepost_text