Пилешко филе во кремаст сос: Најдобриот начин да подготвите бело месо

Пилешко филе во кремаст сос: Најдобриот начин да подготвите бело месо

Направете оброк за паметење!

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 300 гр печурки
  • 1 пиперка
  • 300 гр блитва или спанаќ
  • маст
  • сол
  • бибер
  • сушен домат
  • 200 мл павлака за готвење
  • 100 гр плаво сирење
  • лук во прав
  • 800 гр пилешки гради

Начин на подготовка:

  1. Издинстајте кромид, пиперка, печурки. Додајте спанаќ, продолжете со динстање. Налијте павлака за готвење, посолете, побиберете, додајте лук во прав, издробете плаво сирење. Додајте сушен домат. Почекајте состојките да се поврзат.

     

  2. Направете џебови на пилешкото филе,засечете го по средина, но не до крај. Наполенте со сос и затворете со чепкалки. Пржете го месото на средно силен оган. Вртете го од сите страни. Кога ќе биде готово сервирајте на чинија и прелијте го месото со остатокот од сосот.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта