Лесни, тенки, ароматични – Колачиња за Божиќ со пекмез

Лесни, тенки, ароматични – Колачиња за Божиќ со пекмез

Лесни, меки, тенки и ароматични. Најдобар рецепт за колачиња за празниците.

Состојки:

  • 200 гр. брашно(остро)
  • 100 гр. шеќер
  • 100 гр. мелени лешници
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 гр. омекнат маргарин
  • 2 јајца
  • пекмез

Подготовка:

  1. Се ставаат сите состојки во сад и се меси тесто, кое се остава со проѕирна фолија во ладилник 20 минути.
  2. Се расукува потоа на површина со брашно, се вадат облици по желба, на половина се прави дупче на средината.
  3. Се ставаат на плех со хартија премачкана со маргарин и се печат на загреана рерна на 180 степени 10 минути.
  4. Се вадат, се мачкаат колачињата без дупче со пекмез, се става горе друго колаче со дупче и се стискаат убаво.

 

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

singlepost_text