За подготовка на овие вкусни колачи потребни ви се само 3 состојки.
Состојки:
- 200 гр чоко сендвич кекси
- 100 гр крем сирење
- 250 гр темно чоколадо
Начин на подготовка:
- Бисквитите иситнете ги во блендер, па во тоа додајте крем сирење и добро измешајте. Потоа од добиената смеса со раце обликувајте топчиња и редете ги на хартија за печење.
- Готовите топчиња ставете ги во замрзнувач на половина час, во меѓувреме растопете чоколадо.
- Секое топче потопете го во растопено чоколадо, па ставете во фрижидер глазурата да стегне и послужете. По желба декорирајте со украсни трошки или мелени ореви.
Уживајте!
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот