Солено коктел пециво: Штангли со ајвар

Солено коктел пециво: Штангли со ајвар

Направете ајвар штангли, од идеја до реализација само 30 минути.

Состојки:

  • 250 гр. брашно
  • 1 лажиче прашок за пециво или сода
  • 2 лажици ајвар
  • 100 мл. кисела вода
  • 100 мл. масло
  • сусам и сол

Подготовка:

  1. Се сее брашното со прашок за пециво и се додава сол,ајвар, кисела вода и масло.
  2. Се меси тесто, се развлекува, се става сусам, се стиска сусамот со оклагија и се сече тестото на правоаголници или по избор може да сечете квадрати, кругови, облици по желба.
  3. Се ставаат на тепсија со хартија за печење премачкана со масло и се печат на 180 степени на загреана рерна 20 минути.
  4. Не ги печете повеќе зошто ќе се стврднат.

 

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?