Мека погача со кисела павлака

Мека погача со кисела павлака

Одличен рецепт за погача мека како памук.

Состојки:

  • 500-550 гр брашно
  • 300 мл млеко
  • 4-5 лажици масло
  • 20 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 1 јајце + 1 жолчка
  • 3 лажици кисела павлака
  • сусам
  • ким

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец во млеко, додајте шеќер, брашно, сол, масло и замесете меко тесто. Покријте да одмори половина час па тестото поделете го на четири дела.

     

  2. Развлечете го секој дел, премачкајте со павлака и свиткајте во тенка ролна.

     

  3. Формирајте погача како што е прикажано во видеото. Ставете во плех обложен со хартија за печење.

     

  4. Покријте да одмори па премачкајте со жолчка, посипете со сусам, ким и печете на 180 степени околу 45 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

singlepost_text