Куглоф пита со интегрални кори, спанаќ и сирење

Куглоф пита со интегрални кори, спанаќ и сирење

Одлична идеја за доручек, брза подготовка, фантастичен вкус.

Состојки:

  • 500 гр интегрални кори
  • 5 јајца
  • 200 гр ситно сирење
  • 1 кисела павлака
  • 1 прашок за печиво
  • 120 мл масло
  • малку сол
  • 200 гр свеж спанаќ
  • 300 мл кисела вода
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Корите исечкајте ги. Јајцата измиксајте ги, додајте сирење и павлака и продолжете со миксање. Малку посолете и додајте масло, прашок за печиво, бланширан свеж спанаќ и кисела вода.

     

  2. Потоа корите соединете ги со фил и префрлете во калап. Посипете со сусам. Печете на 180 степени 30-35 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта