Брза пита со павлака и шунка

Брза пита со павлака и шунка

Брз и едноставен рецепт.

Состојки:

  • 500 гр тенки кори
  • 2 јајца
  • 2 кисели павлаки
  • масло
  • 1 главица кромид
  • 200 гр сувомеснато или сечкани пилешки гради
  • 2-3 лажици гриз

Начин на подготовка:

  1. На малку масло пропржете го сечканото месо или сувомеснатото. Во чинија ставете павлака, додајте јајца и гриз и сè добро изедначете.
  2. Раширете кора на маса па премачкајте ја со павлака, така направете и со втората и третата кора.
  3. По ширина ставете 3-4 лажици пржено сувомеснато и свиткајте ролат.
  4. Така правете додека не го потрошите материјалот.
  5. Оставете две лажици фил па со четка премачкајте ги ролните.
  6. Печете на 200 степени околу 30 минути. Послужете со јогурт или кисело млеко.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт