Компир во песто сос

Компир во песто сос

Доматите на ова вкусно предјадење му даваат посебна свежина…

Состојки:

  • 500 гр помали компири
  • сол
  • 40 гр печени солени бадеми
  • 4 домати
  • 1 чешне лук
  • 1 веза магдонос
  • 100 гр пармезан
  • 70 мл маслиново масло
  • бибер
  • 50 мл супа коцка

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги компирите и згответе ги во посолена вода околу 20 минути. Измијте ги доматите и исечете ги на парчиња. Излупете лук. Измијте го и исушете го магдоносот. 
  2. Измешајте магдонос, маслиново масло, бадеми, лук и пармезан, па сè заедно испасирајте во блендер. Побиберете го добиениот песто сос. 
  3. Процедете ги компирите и излупете ги кога ќе се изладат. Згответе супа и ставете ја во поголема чинија. Во супата ставете ги компирите и доматите и измешајте. Посолете и побиберете, па измешајте го и подготвениот песто сос. Послужете топло.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт<

singlepost_text