Тартар сос со зеленчук.
Состојки:
- 1 модар патлиџан
- 1 црвена пиперка
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 1 тиквица
- 1 морков
- 1 домат
- 1 лажица јаболков оцет
- 1 лажица путер
- 8 парчиња леб
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Исечкајте го зеленчукот на коцки и пржете го на маслиново масло пет до седум минути, така што ќе остане малку сирово. Во зеленчукот додајте јаболков оцет и гответе уште 5 минути. Зачинете со сол и бибер, па тргнете го од оган да се излади.
- Исечете парчиња леб. Едната страна премачкајте ја со путер и тостирајте ги во тава со страната намачкана на путер надолу. На секое парче ставете по 1-2 лажици зеленчук.
Добар апетит!
Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика
Полнети тиквички по најдобар рецепт
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата