Вкусни тортиљи од салама и сирење…
Состојки:
- 5 јајца
- 1/3 шолја млеко
- 3 парчиња салама Пекабеско
- 2 глацици кромид
- сол
- бибер
- 30 гр изрендано сирење
- готови тортиљи
Начин на подготовка:
- Разматете млеко и јајца. На лесно загреана тава ставете ја оваа смеса и повремено мешајте.
- Пред крај ставете шунка исечкана на коцки, сол, бибер и исечкан кромид.
- Тортиљите испечете ги и на нив ставете ја оваа готова смеса и посипете со сирење кое ќе го растопите и свиткајте.
- По желба посипете со сос.
Добар апетит!