Посни чоколадни колачиња

Посни чоколадни колачиња

Ако посакавте нешто слатко за време на пост, имаме предлог. Вкусни чоколадни топчиња.

Состојки:

  • 120 гр урми
  • 80 гр кокосова павлака/крем
  • 200 гр зготвена и исчистена леблебија
  • 100 гр лешници
  • 100 гр темно чоколадо
  • 4 лажици кокосово масло
  • 3-4 лажици сируп од урми

Начин на подготовка:

  1. Чоколадото растопете го на слаб оган. Урмите добро исцедете ги и ставетет ги во блендер. Додајте кокосов крем, леблебија, иситнети лешници, кокосово масло и сируп од урми. Мешајте додека убаво не се поврзе. По потреба уште засладете. Смесата ставете ја во сад и оставете да стегне во фрижидер преку ноќ.

     

  2. Наутро обликувајте топчиња и потопете ги во чоколадо или какао во прав. Топчињата чувајте ги во фрижидер.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text