Брз и вкусен ручек: Ќофтиња со грашок

Брз и вкусен ручек: Ќофтиња со грашок

Вкусен и брз ручек…

Состојки:

  • 300 гр мелено месо
  • парчиња сув леб
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 500 гр грашок
  • брашно по потреба
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Измешајте леб натопен со млака вода со мелено месо. Зачинете и добро измешајте, па направете топчиња и извалкајте ги во брашно. Пропржете ги ќофтињата на загреано масло од двете страни.
  2. Издинстајте и исечкајте кромид и лук, па додајте грашок, малку вода и зачини. Оставете да крчка околу половина час со повремено мешање. Сервирајте ги ќофтињата со грашок.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо