Ролнички од обланди за 10 минути

Ролнички од обланди за 10 минути

Рецепт за крцкави ролнички од обланди со вкусен фил од чоколадо, бисквити, ореви.

Состојки:

  • 2 листови обланди
  • 100 гр шеќер
  • 150 гр чоколадо
  • 150 гр путер или маргарин
  • 1 лажица рум
  • 100 мл млеко
  • 3 лажици мелени ореви
  • 2 лажици мелени бисквити
  • 50 гр чоколадо за декорација
  • 1 лажица масло

Начин на подготовка:

  1. Навлажнете чиста крпа и листовите обланди замотајте ги. Оставете ги околу половина час да отстојат за да омекнат. Дури кога обландите ќе омекнат почнете со подготовка на фил. 
  2. Сите состојки освен бисквитите и оревите ставете ги во тенџете и згответе. Доволно е само да се растопи. Измешајте бисквити и ореви и филувајте ги корите. Секоја обланда исечкајте ја по должина на три еднакви дела, свиткајте и оставете да отстојат еден час во фрижидер. Исечкајте, декорирајте и уживајте во одличниот вкус.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text