Посна царска пита: Вакво нешто не сте пробале досега

Посна царска пита: Вакво нешто не сте пробале досега

Брза и вкусна – шпанска посна пита.

Состојки:

  • 500 мл минерална вода
  • 200 мл масло
  • 2 лажички сол
  • 2 мали шолји пченкарно брашно
  • 1 мала шолја пченично брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 3 мали шолји обварен ориз
  • 5 кисели краставички
  • 3 кисели пиперки
  • 2 кисели моркови
  • 2 лажици ловечка салата или лутенка (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете минерална вода, потоа додајте масло, сол, пченкарно брашно, пченично брашно и прашок за печиво. Убаво соединете. Потоа додајте сечкани краставички, моркови и пеглана пиперка. Можете да додадете лута ловечка салата. Измешајте, ако е густо додајте уште 100 мл кисела вода. На крај додајте ориз.

     

  2. Ставете во плех кој сте го намастиле и посипале со брашно. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кујна Валентина“:

 

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text