Направете вкусен ручек со компири.
Состојки:
- 800 гр. компири
- 200 гр. шунка
- 200 гр. сирење
- 2 дл. павлака за готвење
- 1 дл. млеко
- 2 чешни лук
- сол, бибер и маслиново масло
Подготовка:
- Се сече компир на кришки и се вари кратко во солена вода, околу 20 минути, па се цеди и става во подмачкан плех.
- Се става сечена шунка, павлака, млеко, ситнет лук и се меша.
- Се пече на 200 степени на загреана рерна, 20 минути.
- Се вади, се става рендано сирење, па се враќа да се стопи сирењето.
Уживајте!