Фантастична идеја за ручек: Ќофте во сос од рерна

Фантастична идеја за ручек: Ќофте во сос од рерна

Послужете со варен компир и уживајте во вкусниот ручек!

Состојки:

  • 300 гр мелено месо
  • 1 јајце
  • презла
  • сол
  • бибер
  • малку слатка пипер
  • лук

Состојки за сос:

  • 200 мл готвени домати
  • 1 лажица брашно
  • малку масло
  • вода
  • сол
  • малку оригано
  • малку босилек

Начин на подготовка:

  1. Во меленото месо ставете јајце, малку презла, малку лук во гранули, мелен бибер, малку слатка мелена пипер, сол и добро изедначете и формирајте ќофтиња.

     

  2. Во тенџере испржете брашно на масло, додајте готвен домат и 200 мл вода. Мешајте постојано и додавајте вода да добиете поредок сос.

     

  3. Ставете малку оригано, босилек и сол. Во тепсија ставете сос и внатре наредете ги ќофтињата. Премачкајте со масло и печете во рерна на 210 степени околу 30-40 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта