Направете вкусно пилешко со јогурт.
Состојки:
- 8 карабатаци
- 125 мл. јогурт
- 1 лажиче лимонова кора
- 2 лажици лимонов сок
- 300 гр. презла
- вегета и бибер
Подготовка:
- Се чисти месото од кожата, е прават како шницли и се мијат и сушат.
- Се ставаат во сад со јогурт, рендана кора од лимон, лимонов сок, зачини.
- Се остава вака преку ноќ во ладилник.
- Се става на чинија презла и вегета и бибер, се земаат карабатаците и се валкаат во смесата.
- Се ставаат на хартија за печење на плех и се печат на 200 степени на загреана рерна додека поруменат.
Готви со љубов и уживај во храната 🙂
Еве како треба правилно да се мие зелената салата
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Како да ја подготвите превкусната Рукола салата со шери домати?
За повеќе рецепти за салати кликни тука