Тортиљи со крем сирење и сланина

Тортиљи со крем сирење и сланина

Направете вкусни тортиљи со крем сирење.

Состојки:

  • 5 тортиљи
  • ¾ шолји сечена сланина
  • пола лажица магдонос сечен
  • пола лажица копар сечен
  • 1 шолја крупно рендано сирење
  • 250 гр. крем сирење
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Се мешаат крем сирењето со сечената сланина, сечен магдонос и копар и рендано сирење.
  2. Се става сол, се меша и се филуваат тортиљите, се виткаат како ролат, ладат и служат.
  3. Ова е супер појадок или мезе за слави, ако го исечете ролатот на парчиња.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text