Слатки посни кокос кифли со пиво

Слатки посни кокос кифли со пиво

Сите сте слушнале за популарните кокос полумесечини. Денес ви донесуваме рецепт со додаток на пиво.

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 100 мл пиво
  • 200 мл масло
  • 1 прашок за печиво

Состојки за сируп:

  • 200 мл вода
  • 300 гр кристал шеќер
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Соединете брашно и прашок за печиво. Потоа додајте пиво и масло и замесете тесто. Развлечете па рачно правете облици. Печете на 180 степени околу 10 минути.

     

  2. Сируп направете така што во 200 мл вода ќе додадете 300 гр шеќер и гответе 3-5 минути од точката на вриење, додајте и ванилин шеќер. Сирупот изладете го. Испечените кифлички потопете ги прво во ладен сируп, па извалкајте во кокос.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text