„Сакам да сум рибизла“ – Дали сте слушнале за десерт со ова име?

„Сакам да сум рибизла“ – Дали сте слушнале за десерт со ова име?

Во рамки на 5. Недела на италијанската кујна на тема: „Искуства и вкусови од италијанските територии, 200 години од раѓањето на Пелегрино Артузи“, Gotvi.mk се приклучува преку објава на вкусни рецепти и специјалитети од неодоливата италијанска кујна.

Неделата на италијанската кујна е организирана од ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Република Италија, со цел промоцијата на италијанската кујна и гастрономска традиција.

Погледнете како да го подготвите овој специјалитет и уживајте во прекрасниот вкус 🙂

Состојки за ронливото тесто за 4 лица:

  • 150 гр путер
  • 100 гр шеќер
  • 40 гр јајца
  • 220 гр брашно
  • 40 гр какао

Состојки за панакота од лешник:

  • 350 мл течна павлака
  • 100 гр паста од лешник
  • 90 хр шеќер
  • 8 гр желатин
  • 40 гр вода

Состојки за желатин од Cassis:

  • 150 гр Cassis
  • 7,5 гр растителен желатин

Начин на подготовка:

  1. Со миксер се мешаат брашното и какаото со ладниот путер (10°) на коцки, потоа се додава шеќерот и на крај јајцето се додава постепено. Тестото се остава да отстои во фрижидер 2 часа. Потоа се поминува тестото низ широко сито за да се добие зрнест ефект.
  2. Ладното тесто (од фрижидер) се пече во рерна на 165° околу 14 минути.
  3. Павлаката се загрева, ѝ се додаваат шеќерот и пастата од лешник. Желатинот се потопува во вода. според упатството. Кога смесата од павлака ќе достигне температура од 70°, се додава исцедениот желатин.
  4. Со смесата се полни силиконски калап во форма на сфери и се замрзнува. Кога сферите ќе бидат сосема стврднати, во лонче се ставаат ликерот и растителниот желатин, се доведуваат до вриење и со таа смеса се преливаат претходно подготвените сфери.
  5. Десертот се склопува така што на чинијата со лажица се става малку изронето тесто а околу него се редат 5 сфери од панакота.

На здравје!