Идеален десерт – вкусен и евтин, а лесно се прави.
Еве неколку совети за подготовка на совршен пудинг. Инаку, овие совети важат и кога подготвувате фил за торта со пудинг.
Имено, разматениот прав за пудинг не го ставајте во млеко кое врие, туку непосредно пред вриење. Тенџерето со млеко тргнете го од рингла и ставете го пуднгот во тенок млаз со непрекинато мешање. Тенџерето потоа вратете го на рингла, но намалете ја температурата и гответе со непрекинато мешање. Додека пудингот се лади, измешајте го неколку пати за да не се создаде кора.
Ако подготвувате фил за торта со пудинг, маргаринот измешајте во млак пудинг и мешајте додека не се растопи. Филот за торта можете да го разматите и со миксер кога ќе се излади, така ќе биде пенаст.
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот