Рижото со рибизла и козја рикота

Рижото со рибизла и козја рикота

Во рамки на 5. Недела на италијанската кујна на тема: „Искуства и вкусови од италијанските територии, 200 години од раѓањето на Пелегрино Артузи“, Gotvi.mk се приклучува преку објава на вкусни рецепти и специјалитети од неодоливата италијанска кујна.

Неделата на италијанската кујна е организирана од ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Република Италија, со цел промоцијата на италијанската кујна и гастрономска традиција.

Погледнете како да го подготвите овој специјалитет и уживајте во прекрасниот вкус 🙂

Состојки за 4 лица:

  • 280 гр ориз сорта балдо
  • 80 гр путер
  • 80 гр козја рикота
  • 60 мл сок од рибизла
  • 0,3 гр ксантан
  • 10 гр рибизла во прав
  • 1 литар растителен бујон
  • 12 листови од крбулица
  • 25 гр пармиџано
  • 6 гр сол

Начин на подготовка:

  1. Во сокот од рибизла се додава згуснувачот ксантан и се мати со рачен блендер сѐ додека да добие желатинозна структура, а потоа се става во шишенце со отвор.
  2. Рикотата се мати со маталка за да стане кремаста и мазна смеса и потоа се става во слаткарски шприц.
  3. Оризот се застаклува на тава со 20 гр путер, потоа се посолува и се готви со растителниот бујон.
  4. Кога е готов оризот, надвор од оган се додава путерот и пармезанот и се меша.
  5. Се сервира во широка чинија, а одозгора се гарнира наизменично со кремата од рикота и со желатинот од рибизла. Се поросува со рибизла во прав и со листови крбулица.

На здравје!