Ориз со кафе, црн анис и сол со арома на сладунец

Ориз со кафе, црн анис и сол со арома на сладунец

Во рамки на 5. Недела на италијанската кујна на тема: „Искуства и вкусови од италијанските територии, 200 години од раѓањето на Пелегрино Артузи“, Gotvi.mk се приклучува преку објава на вкусни рецепти и специјалитети од неодоливата италијанска кујна.

Неделата на италијанската кујна е организирана од ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Република Италија, со цел промоцијата на италијанската кујна и гастрономска традиција.

Погледнете како да го подготвите овој специјалитет и уживајте во прекрасниот вкус 🙂

Состојки за 4 лица:

  • 160 гр ориз

Состојки за бујонот:

  • 1 литар вода
  • 500 гр телешко месо (мускул)
  • 5 гр кафе во зрно
  • 1 гр црн анис
  • 1 гр сол

Состојки пред сервирање:

  • 50 гр путер
    50 гр пармиџано реџано зреен 36 месеци

Состојки за сервирање:

  • 0,5 гр сол со арома на сладунец
  • 25 гр прав од кафе

Начин на подготовка:

  1. За бујонот месото се вари во експрес лонец заедно со водата и зрната кафе, а штом лонецот ќе засвири се остава уште 45 минути на тивок оган.
  2. Потоа бујонот се филтрира и му се додава црниот анис 30 минути за да добие арома. Анисот се вади и бујонот повторно се загрева.
  3. Во тава се пропржува оризот на малку стопен путер, потоа се залева со малку бело вино и се остава да испари алкохолот. Се посолува. Се готви со постепено додавање на бујонот, околу 17 минути.
  4. Надвор од оган се додаваат путерот и пармезанот и се меша.
  5. Се послужува поросено со ароматична сол и со кафе во прав.

На здравје!

singlepost_text