Искористете бајат леб: Стапчиња од прженици ќе бидат вашиот нов омилен доручек

Искористете бајат леб: Стапчиња од прженици ќе бидат вашиот нов омилен доручек

Брза подготовка, вкусен и крцкав оброк.

Состојки:

  • парчиња бајат леб
  • јајца
  • мусли
  • млеко
  • сол
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го лебот на широки ленти. Разматете јајца и додајте малку млеко, посолете. Муслите иситнете ги во блендер.

     

  2. Лебот потопете го во јајца, па извалкајте го секое стапче во мусли. Пржете на врело масло и вадете на кујнска хартија да се исцеди вишокот маснотии.

     

  3. Послужете ги солени, со сирење и кајмак. Или слатки, посипете ги со шеќер во прав и со џем.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство