Во рамки на 5. Недела на италијанската кујна на тема: „Искуства и вкусови од италијанските територии, 200 години од раѓањето на Пелегрино Артузи“, Gotvi.mk се приклучува преку објава на вкусни рецепти и специјалитети од неодоливата италијанска кујна.
Неделата на италијанската кујна е организирана од ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Република Италија, со цел промоцијата на италијанската кујна и гастрономска традиција.
Погледнете како да го подготвите овој специјалитет и уживајте во прекрасниот вкус 🙂
Состојки:
- 320 гр бел јачмен (рафиниран)
- 200 гр цвекло
- 40 гр graukase (полузрел кашкавал од сирово кравјо млеко од регионот Алто Адиџе)
- 30 гр пармезан
- 1 лт растителен бујон
- 30 гр кромид
- 30 гр путер
- 20 мл бело вино
- рен
- ѓумбир
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Се подготвува бујон од целер, морков и кромид. Цвеклото се вари додека да омекне во солена вода.
- Кромидот се сечка ситно и се пропржува со путерот. Дел од цвеклото се сече на коцкички, а останатиот дел се меша во блендер со дел од бујонот, пропржениот кромид и малку ѓумбир и рен, додека да се добие хомогена кремаста смеса.
- Во едно широко тенџере се подзапечува јачменот на путер, а потоа се залева со белото вино. Откако алкохолот ќе испари, се готви со постепено додавање на бујонот.
- На 2/3 од постапката се додава и пирето од цвекло. Кога јачменот е сварен се додаваат сол и бибер по потреба и се трга од оган. Се додаваат путерот и пармезанот и коцкичките цвекло.
- Послужете го топло и богато поросувете го со ренданиот сив кашкавал (graukase).
На здравје!