Новопазарски мантии: Еве како се прави овој специјалитет

Новопазарски мантии: Еве како се прави овој специјалитет

Изненадувачки едноставна подготовка за вкусен специјалитет…

Состојки за тесто:

  • 800 гр брашно
  • 1-2 лажичка сол
  • 2 лажици масло
  • 500 мл млака вода

Состојки за фил:

  • 500 гр јунешко мелено месо
  • 1 главица кромид
  • бибер
  • сол

Состојки за прелив:

  • 100 мл јогурт
  • 3 чешниња лук, ситно сечкан

Начин на подготовка:

  1. Тестото замесете го, потоа оставете да отстои. За тоа време направете фил од месо и кромид, и тоа добро зачинете го. Тестото развлечете го со раце и со прсти полнете го со фил, потоа одвојувајте облици за мантии.

     

  2. Мантиите редете ги во намастен сад за печење. Печете на 200 степени 25-30 минути. Потоа прелијте со прелив од јогурт и лук.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство