info@fotocarra.it - phone: + 39 3297476074

Аспарагус и јајца

Од 23-29 ноември 2020 година се одржува V. Недела на италијанската кујна во светот организирана од ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Република Италија, со цел промоцијата на италијанската кујна и гастрономска традиција.

По тој повод, Gotvi.mk се приклучува преку објава на вкусни рецепти и специјалитети од неодоливата италијанска кујна. Уживајте 🙂

Погледнете како да го подготвите овој специјалитет:

Состојки за 4 лица:

  • 4 китки аспарагус
  • маслиново масло ладно цедено
  • оцет од бело вино
  • 4 јајца
  • сол
  • бибер

Состојки за кремот од пармезан:

  • 40 мл течна павлака
  • 80 гр Parmigiano Reggiano
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На аспарагусот му се отсекуваат врвовите, а долниот дел се лупи и се сече закосено на помали парчиња. Во тава се става да зоврие вода со масло и неколку капки оцет и во неа се вари аспарагусот.
  2. За пошираните јајца, во тенџере се загрева вода во која сме додале сол и неколку капки оцет, сѐ додека не почне да врие. Јајцето се крши и истура внимателно во водата, која треба околу него да се заврти како вртлог, со помош на маталка. Така јајцето се готви околу 5 минути.
  3. Крема од пармезан: во мало тенџерче се стваат течната павлака и изренданиот пармезан, се додава сол и бибер по желба. На многу тивок оган се загрева додека пармезанот не се стопи и целата смеса да стане хомоген крем.
  4. Послужување: На дното од чинијата се става кремата од пармезан, врз неа се става јајцето и околу него аспарагусот.

На здравје!