Брз доручек: Стар рецепт за мафиши

Брз доручек: Стар рецепт за мафиши

Солени или слатки, изборот е ваш!

Состојки:

  • 1 шолја млеко
  • 1/2 коцка квасец
  • 1 јајце
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 700 гр брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Во топло млеко ставете квасец и почекајте да надојде.
  2. Брашното замесете го со прашок за печиво и додајте малку сол. Ставете и едно јајце, вода и квасец. Измешајте добро. Тестото мора да биде меко. Почекајте 30 минути да надојде. По потреба додајте уште брашно.
  3. Вадете мали топчиња, развлечете ги со сукало и пржете ги во врело масло 3-4 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство