Едноставна подготовка за совршено тесто за пица

Едноставна подготовка за совршено тесто за пица

Ставете фил по желба и уживајте.

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1/2 пакетче квасец
  • 1,5 дл јогурт
  • 1 дл масло
  • 2 лажички сол
  • вода по потреба

Начин на подготовка:

  1. Квасецот ставете го во засладена вода да нарасне, па измешајте го со останатите состојки.

     

  2. Јогуртот малку загрејте го да биде млак.

     

  3. Оставете петнаесетина минути тестото да се подигне, па одвојте ја количината која ви е потребна за пица.

     

  4. Намастете плех со масло, па ставете го тестото и со намастени раце развлечете го по плехот. Ставете фил по желба и печете.

     

  5. Остатокот од тестото ставете го во кеси, па во замрзнувач и вадете по потреба.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text