Мусака со плескавици и тиквици: Ручек за гурмани

Мусака со плескавици и тиквици: Ручек за гурмани

Пробајте вистински гурмански специјалитет!

Состојки:

  • 2 плескавици со кромид
  • 100 гр кашкавал, на листови
  • 200 гр кисела павлака
  • 200 мл млеко или јогурт
  • 2 тиквици
  • 3-4 јајца
  • масло
  • сол
  • 1 морков
  • малку презла и брашно

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците излупете ги и исечкајте ги на листови и посолете. Оставете да отстојат 20 минути, па исцедете. Поховајте во брашно, јајца, презла и пржете.

     

  2. Во јајцата што ви останале додајте уште едно јајце, ставете павлака, млеко и јогурт и измешајте. Тепсиајта за мусака намастете ја, на дно наредете ред тиквици, па премачкајте малку павлака и јајца, ставете една плескавица, па кашкавал.

     

  3. Потоа павлака, плескавица и се останато додека не го потрошите материјалот. Завршете со тиквици и прелијте со павлака. Печете на 200-220 степени околу еден час.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text