Направете кисела чорба од спанаќ полна витамини и железо.
Состојки:
- 1 кг. спанаќ
- 2 главици кромид
- 2 лажици брашно
- 1 мала шолја масло
- 1 лажиче црвен пипер
- 3-4 чешни лук
- сол, вински оцет
Подготовка:
- Се пржи кромидот на масло и се додава брашно, црвен пипер и 2 литри вода.
- Се става ситнет спанаќ кој треба да е убаво измиен, исчистен и сечен, кога ќе зоврие, на крај се ставаат зачини, оцет и ситнет лук.
- Се трга од оган.
- На ист начин се прават чорба од зелка, коприва, блитва, со истите мерки и постапка.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси