Направете вкусни тестенини со ајвар.
Состојки:
- 300 гр. тестенини
- 100 гр. кромид
- 200 гр. пиперки
- 200 гр. домати
- 100 мл. пасирани домати
- 150 гр. ајвар благ
Подготовка:
- Се варат во солена вода тестенините и се цедат.
- Се пржи кромидот на масло, се додава сечена пиперка и домати, па се динстаат 10 минути.
- Се додаваат пасираните домати и ајвар.
- Се ставаат зачини и се меша. Се ставаат и тестенините и се меша.
- Горе по желба во чинија ставете си пармезан и магдонос.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси