Кремаст вкус на патлиџан измешан со пилешко – јадење кое ќе ве воодушеви.
Состојки:
- 2 патлиџани
- 250-300 гр пилешко филе
- 2 домати
- 1 главица кромид
- 150-200 гр кашкавал
- свеж магдонос
- сол
- бибер
- масло
Начин на подготовка:
- Патлиџаните исечкајте ги на половини и издлабете ги. Запечете во рерна. Деловите кои сте ги извадиле исечкајте ги на ситни коцки и пропржете ги на масло заедно со пилешко, домати и кромид. Соединете ја таа маса со кашкавал и полнете ги издлабените патлиџани. Вратете во рерна уште 10-15 минути. По желба посипете со магдонос.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса
ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)