Омлет со карфиол

Омлет со карфиол

Вкусен омлет со карфиол и кромид.

Состојки:

  • 8 јајца
  • 200 гр карфиол
  • 1 дл млеко
  • 2 парчиња млад кромид
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 100 гр брокула

Начин на подготовка:

  1. Во посолена вода бланширајте ги карфиолот и брокулата исечкани на мали цветови. Во сад разматете јајца, додајте млеко па зачинете со сол и бибер.
  2. Во поголема тава загрејте маслиново масло, на него ставете јајца, наредете карфиол и половина од кромидот, поклопете и печете 5-10 минути на средно силен оган.
  3. Кога омлетот ќе биде готов, украсете го со млад кромид и зачинете со свежо мелен бибер.

Добар апетит!