Компири со магдонос и лук

Компири со магдонос и лук

Вкусни и крцкави компири…

Состојки:

  • 1,5 кг компири
  • 70 гр свеж магдонос
  • 3 чешниња лук
  • 70 мл маслиново масло
  • 2 лажици путер
  • 1 лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги и исчистете ги компирите, па исечкајте ги на коцки со еднаква големина и згответе.

     

  2. Во мал сад измешајте исечкан магдонос и лук.

     

  3. Исцедете ја водата од варените компири.

     

  4. Во голема тава загрејте маслиново масло, па додајте компири и повремено протресувајте. Компирите печете ги околу пет минути додека кората не стане златно-смеѓа и крцкава.

     

  5. Во компирите додајте комбинација од лук и магдонос, добро измешајте да се измешаат вкусовите. Потоа додајте путер, посолете и побиберете по желба.

     

  6. Кога компирите ќе бидат готови, преку нив изрендајте кора од помал лимон.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text