Научете да го спремате овој вкусен оброк…
Состојки:
- 1 зелена пиперка
- 1 црвена пиперка
- 1 тиквица
- 1 главица кромид
- 200 гр лигњи
- 1/2 лимон
- 1/2 чешне лук
- магдонос
- маслиново масло
- зачин
- соја сос
- сол
Начин на подготовка:
- Зеленчукот исечкајте го и зачинете го по вкус, потоа пржете го на маслиново масло 10-12 минути. Потоа зеленчукот извадете го и во истата тава ставете лигњи. Додајте соја сос и сув зачин. Пржете околу 10 минути. Преливот за лигњи направете го така што ќе исечкате лук и магдонос, исцедете половина лимон, соединете и додајте маслиново масло и малку сол.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи