Салата од пилешки батаци

Салата од пилешки батаци

Вкусна салата од пилешки батаци…

Состојки:

  • 2 пилешки батаци
  • 200 гр шунка Пекабеско
  • 200 гр гауда
  • 5 кисели краставички
  • 1 лимон
  • 5 варени јајца
  • 200 гр мајонез
  • 1 лажица мешавина од зачини
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Крупно изрендајте кисели краставички, гауда сирење и варени јајца. Во сад за печење ставете батаци, зачинете ги со сол, бибер, масло и во садот ставете 400 мл вода. Печете на 200 степени околу 40 минути. Отстранете ги коските од печените батаци, а месото исечкајте го ситно.

     

  2. Месото ставете го во сад, додајте шунка исечкана на коцки, рендани краставички, сирење и јајца. прелијте со сок од лимон, додајте сол, бибер, мајонез и измешајте.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text