Направете вкусни кокос чупавци од три состојки.
Состојки:
- 4 белки
- 3 шолји кокос
- ½ шолји шеќер
Подготовка:
- Се загрева рерна на 180 степени и се става хартија на два плеха за печење.
- Се матат белките со миксер, се става и шеќер, а откако убаво ќе се измати, се гаси миксерот и се става кокос кој се меша со лажица полека.
- Се вади со лажица од смесата и се прават колачиња на хартијата.
- Се печат 20 минути.
- Се ладат.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи